Погба одбива да игра за Јунајтед, бидејќи во јануари сака да замине во Шпанија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пол Погба последниот натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед го одигра на крајот на септември кога со тимот од Олд Трафорд играше против Арсенал.

Французинот после тој натпревар се повреди и од тогаш нема заиграно, а според последните информации на медиумите во Шпанија, можеби тој веќе нема да заигра за Јунајтед.

Имено, шпанското радио Копе ја донесе веста дека Погба најверојатно во јануари сака да го напушти Олд Трафорд за да заигра во Реал Мадрид.

Погба исто така одбива да се врати во првиот тим на Јунајтед и покрај тоа што закрепнал од повредите, додаваат Шпанците.

Солскер минатата седмица тврдеше дека Погба ќе се врати до крајот на годината, но дека уште не може да тренира.

Сепак, Французинот неодамна без проблем играше кошарка со НБА звездата Џими Батлер, но одбива да се врати на теренот бидејќи не сака да ризикува со нова победа која може да му го наруши трансферот во јануари.