Погба поради повреда испадна од составот на Франција, го замени фудбалер на Арсенал


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Повредата на Пол Погба се чини дека не е толку наивна затоа што фудбалерот на Манчестер Јунајтед поради повредата отпадна од комбинација за настап на натпреварите од квалификациите за Европското првенство против Албанија и Андора.

Погба се повреди на последниот натпревар за Манчестер Јунајтед против Саутемптон, но се очекуваше да биде во составот на Франција.

Сега него ќе го замени фудбалерот на Арсенал, Матео Гендузи кој претходно беше повикан за у21 репрезентацијата на Франција.