Погба пристигна во Јувентус, полицијата едвај ги задржа навивачите!

Францускиот фудбалер Пол Погба се врати во Јувентус, па по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на италијанскиот гигант.

Погба ги воодушеви навивачите на Јувентус, па мораше да интервенира и полицијата за да ги задржи.

Фудбалерот кој во 2016 година го напушти Јувентус и се пресели Јунајтед за 105 милиони евра, сега пристигна во спротивен правец како слободен фудбалер.

Погба доби тригодишен договор со Јувентус и плата од осум милиони евра по сезона плус два милиони во бонуси, па така Французинот би можел да заработи 30 милиони евра вкупно.