Погба реши: Од јануари повеќе нема да го носи дресот на Манчестер јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тутоспорт“ објави дека фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба е подготвен да се врати во Италија, па најверојатно од јануари ќе игра за Јувентус.

Погба ги запре преговорите со Манчестер јунајтед за нов договор, зашто сака да се пресели во актуелниот италијански шампион во кој играше пред да се пресели во Премиерлигата.

Иако Јувентус го ангажираше како слободен фудбалер, сепак тие потоа го продадоа во Манчестер за неверојатни 105 милиони евра, а Погба никогаш не ги оправда очекувањата.

Погба сега се поврзува со Јувентус поради Андреа Пирло, тренерот на клубот, кој е негов добар пријател и наскоро би можеле да соработуваат во италијанската екипа.