Погба се наполни со пари: Французинот ги чинел „ѓаволите“ по 1,13 милиони евра од меч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера соопшти дека Пол Погба ќе си замине од клубот како слободен игра, а „Дејли Мејл“ откри дека поради тоа ќе треба да му плати бонус за верност од 4,4 милиони евра.

Погба пристигна на „Олд Трафорд“ во 2016 година за 105 милиони евра и така постави нов клупски рекорд, но не ги оправда очекувањата.

„Дејли Мејл“ објави дека Погба ги чинел „ѓаволите“ по милион евра по натпревар, односно Јунајтед на него потрошил 256 милиони евра вкупно со плата, трансфер, бонус и провизија за агентот Мино Рајола.

Погба во кариерата одигра 226 меча за тимот и постигна само 39 голови.