Погба си го послуша срцето и избра нов тим, состанокот е закажан за понеделник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За кариерата на Пол Погба се грижи адвокатката Рафаела Пимента, откако почина Мино Рајола, па веќе се бара нов клуб за францускиот фудбалер, иако очигледно тој решил каде ќе игра следната сезона.

Џанлука Ди Марцио објави дека Погба ќе замине од Манчестер јунајтед како слободен играч и ќе се врати во Јувентус, каде што играше пред да се пресели во премиерлигашот.

Погба има понуда и од ПСЖ, која е многу подобра од таа на Јувентус, но во клубот од Торино веруваат дека светскиот шампион со „триколорите“ ќе ги избере нив.

Во понеделник треба да се одржи состанок меѓу претставниците на Јувентус и 29-годишниот Французин, по што ќе биде познато дали Погба ќе се врати во поранешниот италијански шампион.