Погба, ти ли си? Личат толку многу што и Пол е збунет (ФОТО)


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Пол Погба, фудбалерот на Манчестер јунајтед, заработува многу пари од своите спонзори за снимање на различни реклами и слични работи.

Сепак, негова предност е тоа што има двојник, кој игра во осмиот ранг на англискиот фудбал и тоа за екипата на Кембриџ сити.

Неговото име е Џош Ојинсан, а сличноста меѓу него и Погба е голема, па фудбалерот на англискиот нисколигаш понекогаш снима некои помалку важни реклами или сцени наместо Погба.

Тој е речиси идентичен со Французинот, па се појавува во голем број реклами на познати компании, како што е Адидас.

Сепак, очигледно нивните квалитети не се ниту блиску, зашто Џош нема талент како што има Погба.