Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид досега доведе неколку нови фудбалери вклучувајќи ги Еден Азар од Челси и Такефуса Кубо од Токио.
Талентираниот Јапонец четири години беше член на академијата на Барселона, но на крај одлучи да потпише за кралскиот клуб.
Кубо ги импресионираше сите од стручниот штаб, па за првиот тим може да заигра многу побрзо од планираното, со обизр на тоа што е приклучен на младиот тим.
Интересно видео се појави од тренинзите на Реал на турнејата во САД, кога Кубо му приоѓа на Азар.
Скромниот Јапонец му пријде на белгискиот фудбалер и му рече дека пред своите натпревари гледа снимки од потези на Белгиецот.
„Квалитет“, кратко му одговори Азар, па двајцата продолжија да се смеат.
Репортерот потоа го запраша Азар дали Кубо навистина игра добро, па следеше снаодлив одговор на новиот „галактикос“: „Па, ако ги гледа моите снимки…“.
Kubo and Hazard is already a better love story than Twilight pic.twitter.com/MBJL6xqEqS
— Xav Salazar (@XavsFutbol) July 14, 2019