Покетино бара нов напаѓач: ПСЖ ќе тргне по потписот на Агуеро!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Покетино пред неколку дена седна на кормилото на ПСЖ, а во првиот меч против Сент Етјен одигра 1-1 и освои само бод, па јасно е дека ќе сака засилувања до крајот на јануарскиот преоден рок.

Француските медиуми објавија дека ПСЖ ќе се обиде да го купи Серхио Агуеро од Манчестер сити, кој има договор со премиерлигашот до лето.

Агуеро на лето ќе биде слободен фудбалер, а ако ПСЖ не успее да го купи сега, тогаш ќе го договори за наредната сезона, а тој би требал да биде одличен партнер на Килијан Мбапе и Нејмар во екипата.

Агуеро уште од 2011 година е во Манчестер Сити и со овој клуб освои сè освен Лигата на шампионите, а во Париз токму тоа е трофејот кој најмногу се посакува.