Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот стручњак Маурицио Покетино минатата седмица доби отказ од управата на Тотенхем.
После лошите резултати управата на Тотенхем му врачи отказ на Покетино што ги шокираше навивачите на овој клуб бидејќи Аргентинецот изминатата година го предводеше лондонскиот тим до финалето во Лигата на Шампионите.
Меѓутоа во Тотенхем одлучија дека е време за прекинување на соработката, а само ден подоцна соопштија дека нов тренер на овој тим е Жозе Мурињо. Покетино по прв пат даде изјава после отказот и упати порака до управата на Тотенхем.
„Му се заблагодарувам на Жое Левис и на Даниел Леви кои ми дадоа шанса да бидам дел од историјата на овој клуб. Им благодарам на сите оние кои ги запознав во Тотенхем, на својот клубски тим и фудбалерите со кој се состанувам изминатите шест години. Конечнo, посебно благодарам до навивачите кои го праат Тотенхем тоа што е. Им благодарам на поддршката“, порача Покетино и продолжи:
„Дадов се од себе да ги остварам целите кои ги договоривме на првиот состанок. Уживав во секој момент и покрај тоа што имаше ситуации каде што ми беше тешко. На Тотенхем им посакувам се најдобро и сигурен сум дека патиштата повторно ќе ни се вкрстат“.