Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино неодамна доби отказ од Тотенхем по серијата на лоши резултати, а негов наследник во Лондон стана Жозе Мурињо.
Покетино, сепак, не треба долго да одмора, зашто веќе има неколку интересни понуди. Англиските медиуми шпекулираа дека Арсенал и Баерн Минхен сакаат да го ангажираат, но наводно предност ќе има Манчестер јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ играат очајно сезонава под водство на Оле Гунар Солскјер, на кого опасно му се „тресе“ тренерското столче.
Во секој случај, Покетино би требало експресно да се врати во Премиерлигата и сигурно ќе ма мотив да им покаже на лондончани дека направија грешка кога го отпуштија.