Покетино добива нов напаѓач: Кејн се сели во Челси


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Челси е на праг да потпише договор со Маурицио Покетино, кој ќе стане тренер на екипата од следната сезона, а газдата Тод Боели веќе преговара и за нов напаѓач, а тоа би можел да биде Хари Кејн.

Покетино соработуваше со Кејн неколку години во Тотенхем, па се очекува да имаат добра соработка и на „Стемфорд бриџ“.

Кејн има уште една година од неговиот договор со Тотенхем, кој оваа сезона најверојатно ќе остане без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Челси за потписот на Кејн ќе треба да потроши над 120 милиони евра, но очигледно парите не се проблеми за богатиот американски бизнисмен.

Премиерлигашот е заинтересиран и за Виктор Осимен од Наполи, па летово ги очекува многу работа за наоѓа на соодветни засилувања.