Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маурицио Покетино не сака да се пресели во Реал Мадрид, иако можеби звучи чудно, па така го следи потегот на Жозе Мурињо, кој одби седум милиони евра да почека до лето и да го преземе „кралскиот клуб“.
Аргентинецот чека една од две понуди, Манчестер јунајтед или Сити. Поверојатна е опцијата да го преземе тимот на „црвените ѓаволи“, иако Солскјер го крена тимот по очајниот старт.
Втората опција е Сити, но тоа не зависи ниту од „граѓаните“, ниту од Покетино, туку од Пеп Гвардиола, кој не е сигурен што ќе направи следното лето.
Уште е рано за да се шпекулира кој е фаворит за потписот на Покетино, но во секој случај Аргентинецот мирно чека и ја следи ситуацијата во двата англиски гиганти.