Покетино го освои својот прв трофеј со ПСЖ! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


ПСЖ го освои францускиот Суперкуп, откако синоќа во Ленс славеше против Олимпик Марсеј со 2-1. Екипата на Маурицио Покетино беше подобра во првиот дел од дуелот, па така тренерот го освои својот прв трофеј со тимот.

Мауро Икарди искористи одлична топка и стрелаше за водство од 1-0, по што повторно имаше шанса, но неговиот удар заврши во пречката.

Во продолжение од дуелот Марсеј се закануваше кон голот на ПСЖ, но нивните неискористени шанси ги казни Нејмар од пенал во 85. минута (2-1).

Марсеј успеа да ја врати неизвесноста во дуелот, откако во 89. минута погоди Паје за конечни 1-2.