Покетино им се налути на ѕвездите: Мора да покажеме карактер, вака не се игра фудбал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси загуби на гостувањето кај Њукасл со 1-4 на „Сент Џејмс Парк“, а тренерот Маурицио Покетино беше ептен нервозен.

Швеѓанецот Александар Исак погоди за водство од 1-0 во 13. минута, по што следеше прекрасен слободен удар на Рахим Стерлинг за 1-1.

Њукасл играше одлично во второто полувреме и постигна уште три гола за победа од убедливи 4-1.

„Лут сум, мора да покажеме карактер. Не може вака да играме фудбал. Њукасл играше добро и лесно дојде до бодовите. Мора да учиме од грешките, млади сме и мора да стануваме подобри. Секој може да игра фудбал, но ние мора да бидеме подготвени да се натпреваруваме. Мора да покажеме енергија“, кажа Покетино.