Покетино на листата со потенцијални засилувања за ПСЖ има само – две имиња!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Маурицио Покетино наскоро ќе го преземе ПСЖ, а странските медиуми пишуваат за потенцијалните засилулвања на францускиот шампион.

ПСЖ има силен тим, а Покетино во екипата сака само двајца фудбалери, кои играат во италијанската Серија А.

Прв на листата е Кристијан Ериксен, кој е отпишан кај Интер. Аргентинецот го познава репрезентативецот на Данска и има намера да му даде шанса.

Втор на листата на потенцијални засилувања е Пауло Дибала, кој веќе некое време се наоѓа во ужасна форма и Јувентус сака да го продаде.

„Тутоспорт“ пишува дека парижаните се подготвени да платат 60 милиони евра за Аргентинецот, додека Јувентус сака сума од 100 милиони.