Покетино најде замена за Фофана: Челси ќе бара спас во Мегваер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси има сериозни проблеми пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата затоа што Весли Фофана ги скина лигаментите и ќе паузира неколку месеци.

Челси бара ново решение во одбраната, откако го загуби фудбалерот од 80 милиони евра, а наводно како опција се понудил Хари Мегваер.

Манчестер јунајтед сака да го продаде Мегваер, кој пристигна пред неколку години за 87 милиони евра, но се покажа како големо разочарување.

Мегваер до минатата сезона беше капитен на „црвените ѓаволи“, но тренерот Ерик Тен Хаг му ја одзема капитенската лента.

Дефанзивецот има договор со „ѓаволите“ до 2025 година, но најверојатно ќе замине во текот на летниот преоден рок.