Покетино нема долго да одмара – од јануари ќе има нова работа?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Покетино по по помалку од пет ипол години го напушти Тотенхем, иако пред неколку месеци го однесе лондонскиот клуб до финалето во Лигата на шампиони, меѓутоа по очајните резултати сезонава му немаше спас.

Покетино од Тотенхем ќе добие околу 13 милиони евра отштета, а тоа му е загарантирано со договорот, кој го потпиша минатата година, а очигледно нема ниту да чека друга работа.

Според шпекулациите на германските медиуми, следен предизвик на Покетино во кариерата ќе му биде во Баерн Минхен.

Тоа го најави и уредникот на „СпортБилд“, Кристијан Фалк, кој традиционално е добро информиран во случувањата во клубот.

До јануари клубот од Минхен ќе го предводи досегашниот помошник Ханси Флик.