Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маурицио Покетино за првпат го предводеше ПСЖ, но неговиот тим одигра 1-1 на гостувањето кај Сент Етјен.
Покетино по натпреварот зборуваше за Килијан Мбапе и неговиот настап, па порача дека младиот француски фудбалер мора да се поправи.
„Мора да се поправи како и сите останати. Разочаран е што не победивме, но неговиот став беше добар. Задоволен сум од она што го направи“, кажа Покетино.
ПСЖ во овие моменти е во фаза на преговори за продолжување на договорот со Мбапе иако претходно. Претходно Мбапе многу се поврзуваше со Реал Мадрид, но „АС“ пишува дека ПСЖ му ветил на Покетино дека ќе го задржи.