Покетино објасни зошто го заменил Меси кој не беше воопшто среќен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ синоќа славеше против Лион со 2-1, а при резултат 1-1 тренерот Маурицио Покетино реши да го замени Лионел Меси.

Тоа не му се допадна на Аргентинецот, кој не можеше да верува дека е заменет, а при излегување од теренот не се ни поздрави со тренерот.

Меси јасно покажа дека е разочаран поради потегот на Покетино, а тоа не е ништо ново, затоа што такво нешто не сакаше да прифати.

ПСЖ на крајот славеше, а Покетино даде интересно објаснување за замената на Меси.

„Донесов одлука да го заменам Меси за да го заштитам и да не го повредат до крајот на мечот. Ни доаѓаат важни натпревари, сакам да го заштитам“, вели Покетино.