Покетино потпиша тригодишен договор со Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси потпиша договор со Маурицио Покетино на три години, а Аргентинецот ќе почне со работа во премиерлигашот на крајот на сезоната и ќе го замени привремениот тренер Франк Лампард.

Хесус Перез ќе биде негов асистент во Лондон, кој со него работеше и во Тотнем и во ПСЖ, а ова за Аргентинецот ќе биде враќање на фудбалот по пауза од една сезона.

Вербален договор меѓу екипата и тренерот беше постигнат уште пред две недели, но се чекаше крајот на сезоната, па сега Покетино ќе има тешка задача да го врати лондонскиот гигант во трката за титулата, иако се очекуваат инвестиции и нови засилувања во текот на летниот преоден рок.