Покетино потпиша за Челси и доби тандем од 90 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси потврди дека нов тренер од 1 јули ќе биде Маурицио Покетино, кој потпиша договор до 2025 година со опција соработката да ја продолжи на уште една сезона.

Газдата Тод Боели размислува за нови засилувања, а веќе договори две кои треба да му помогнат на Покетино во намерата да се вклучи во битка за титулата.

Еден од нив е Кристофер Нкунку чиј трансфер од Лајпциг ќе чини 60 милиони евра, додека Челси за Мало Густо ќе плати 30 милиони евра.