Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурицио Покетино вели дека не сакал никогаш да ги тренира Каталонците и откри дека не добил никаква понуда од Барселона.
Покетино се поврзуваше со преселба во Барселона, откако Кике Сетиен доби отказ, но сепак на кормилото на каталонскиот гигант седна Роналд Куман.
„Не добив понуда од Барселона. Не се гледам себеси заедно со претседателот Бартомеу. Ниту ПСЖ, ниту Јувентус, ниту Интер ми понудија договор. Имав само контакт со Бенфика и Монако. Немам потреба да лажам. Мојот сон од секогаш бил да го тренирам Реал Мадрид“, кажа Покетино.
Покетино во моментов не работи никаде, па останува да видиме дали наскоро ќе седне на некое тренерско место.