Покетино распали по ѕвездите на Челси по ремито со Барнли (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Покетино е разочаран од ремито против Барнли (2-2) во Премиерлигата.

Челси играше со фудбалер повеќе од првото полувреме и двапати имаше водство, кое кратко траеше бидејќи Барнли веднаш постигнуваше гол.

„Не покажавме капацитет, желба и глад за победа, а тоа е задолжително за тим во Премиерлигата. Вознемирен сум и разочаран, посебно затоа што му дозволивме на Барнли да игра толку многу на теренот. Се опуштивме по водството и тоа ни донесе уште едно разочарување“, кажа Покетино.