Покетино се налути: Не одлучувам јас дали ќе заминам од Челси!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Челси вчера славеше со 2-0 против Тотенхем и се приклучи во трката за позициите кои водат во Европа следната сезона, а тренерот Маурицио Покетино имаше што да каже по натпреварот.

„Сините“ цела сезона имаат проблеми со повредени фудбалери, а во моментов надвор од терените се 14 фудбалери.

„На сите тренери им е потребно време да ја пренесат својата идеја и филозофија. Постојано ме критикуваат, ако сакаме да го вратиме стариот Челси, нè чека многу работа. Верувам во нашите фудбалери. На крајот, јас не одлучувам дали ќе заминам од клубот“, кажа Покетино.