Покетино со неговите планови ќе го „избрка“ Мбапе од ПСЖ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот Маурицио Покетино го презема ПСЖ и во јануари нема драстично да го менува неговиот тим, но на лето се очекуваат големи промени затоа што главна мисија ќе биде напад на титулата во Лигата на шампиони.

Покетино на лето сака да ги донесе Лионел Меси и Серхио Агуеро. Тоа се двајца фудбалери чии договори завршуваат на крајот на сезоната.

Искусниот тренер сака да направи моќен напад на ПСЖ, а доколку пристигна Меси и Агуеро, тоа значи дека дел од фудбалерите ќе мора да заминат.

„Л’Екип“ објави сензационална вест дека во таков случај најверојатно ќе биде продаден Килијан Мбапе, кој нема потпишано нов договор со ПСЖ, а оваа ситуација будно ја следи Реал Мадрид, кој сака да го ангажира младиот Французин.

Покетино сака ПСЖ да игра во формација 4-3-3, а желба му нападот да му биде составен од Нејмар, Агуеро и Меси што би бил вистински спектакл за гледање.