Покетино за „пророкот“ Мбапе: Ти кажав…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ синоќа во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони на гости славеше со 4-1 против Барселона, а хет-трик постигна Килијан Мбапе.

Тренерот на парижаните, Маурицио Покетино кажа дека младата француска ѕвезда еден ден пред мечот ја најавил победата.

„Ме праша колку пати победив на Камп Ноу, а јас му кажав дека тоа беше само еднаш. Тој ми одговори дека утре ќе ја добијам втората победа. Тој е врвен фудбалер, светска класа. Големите фудбалери испишуваат историја. Се развиваат од натпревар во натпревар. Со овој хет-трик најверојатно ќе биде во центар на внимание, но ние и претходно знаевме колку беше добар“, кажа Покетино.