Покрената постапка за ликвидација на англискиот клуб стар 154 години


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Ридинг се соочува со налог за ликвидација кој го покрена поранешниот директор Најџел Хау, само неколку месеци откако клубот конечно доби нов сопственик. Англискиот третолигаш, кој долго време беше во проблеми, во мај го купи поранешниот директор на Викомб Роб Кухиг, од контроверзниот Даи Јонгге, пишува The Sun.

Хау, инвеститор во недвижнини, работеше како извршен директор и потпретседател на клубот под управата на Дај, а беше задолжен и за надгледување на долготрајниот процес на продажба на клубот. Според пишувањата на Телеграф, сега токму тој се обидува да го ликвидира Ридинг.

Клубот брзо реагираше на обвинувањата. Во официјалното соопштение стои: “Фудбалскиот клуб Ридинг потврдува дека е во тек на спор со господинот Најџел Хау. Клубот ги негира сите изнесени тврдења против него. Со оглед на тековниот спор и потенцијалните правни постапки, клубот во овој момент нема да дава понатамошни коментари.”

.