Пол Џорџ го продолжи договорот, ќе добие 226 милиони долари за пет сезони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Лос Анџелeс клиперс, Пол Џорџ го продолжи договорот со тимот од НБА-лигата.

Неговиот менаџер Арон Минц за „ЕСПН“ кажа дека Џорџ потпишал максимален договор, кој му гарантира 226 милиони долари во следните пет сезони.

„Сакам да ја завршам кариерата во Клиперс. Овде е моето срце, среќен сум тука“, кажа Џорџ минатата недела.

Џорџ во првата сезона во Клиперс во просек постигнуваше по 21,5 поени, 5,7 скокови и 3,9 асистенции, а претходно настапуваше уште и за Оклахома и Индијана.