Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс ја критикуваше играта на Црвените Ѓаволи во третото коло во Лигата на Европа против Партизан.
Јунајтед во нешто изменет состав славеше во Белград, а единствениот гол го заби Марсијал од пенал. Сепак, Јунајтед разочара, Партизан беше подобар и поопасен, а се чини и дека беше оштетен и за пенал.
„После ремито до Ливерптул сите малку се охрабривме, но потоа погледнете го овој натпревар и ќе сфатите дека се е исто како на почетокот на сезоната. Како во тимот да се странци, како никогаш да не играле заедно. Не постои никаква врска помеѓу везните играчи и напаѓачите. И одбраната изгледаше лошо“, изјавил Сколс, пренесуваат британските медиуми.