Политика и кошарка! Попович удри по Трамп – ти си неспособен и опасен, уживаш во ова!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на кошаркарите на Сан Антонио спарс, Грег Попович жестоко го критикуваше претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп по нередите во Вашингтон.

Попович го обвини Трамп дека овозможил напад на неговите поддржувачи на Капитол и го опиша како опасна личност.

„Моето срце верува дека Трамп уживаше во претставата. Зборуваа за полицијата и тоа како лесно влегле во зградата. Тоа не може да се случи без нечија помош“, вели Попович.

Искусниот тренер и претходно го критикуваше Трамп, а нередите во Капитол во кои животот го загубија пет луѓе го налутија Попович.

„Трамп е неспособен да се грижи и тоа е тажно. Тој е психички болен, а притоа и опасен“, јасно порача Попович.