Полска беше преголем залак: Македонија загуби во три сета


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија загуби од Полска, по двете победи против Данска и Црна Гора, но не треба да се разочарува затоа што речиси сигурно е пласирана во осминафиналето.

Полска тргна фуриозно и го доби првиот сет со 25-12, по што следеше поголем притисок од македонските одбојкари (21-25), но во последниот сет европскиот гигант славеше со 25-14.

„Против Холандија и Чешка имаме шанси ако играме по наш систем и нашата препознатлива игра. Тие не се на ист ранг како Полска и може да ги победиме. Ние ќе го дадеме максимумот на тие натпревари, очекувам Македонија да биде во одбојкарската елита“, кажа Филип Маџунков.