Поминаа 10 години од несреќата на Михаел Шумахер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Љубителите на Формула 1 не го паметат по добро 29 декември 2013 година кога легендарниот Михаел Шумахер доживеа несреќа на скијање на француските алпи.

Помина цела деценија од неговата несреќа, а засега во јавност не се откриваат повеќе детали затоа што неговата сопруга Корина успешно го крие од очите на јавноста.

Корина им дозволува на одредени луѓе да го посетат Шумахер, а тие потврдуваат дека Михаел не е истиот човек од пред несреќата.

Шумахер во кариерата возеше за Бенетон, Ферари и Мерцедес, а притоа седум пати стана светски шампион.