Понуда од соништата: Кејн ќе го менува Левандовски во Баерн Минхен?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот шампион Баерн Минхен ќе се обиде да го ангажира напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој треба да биде замена за Роберт Левандовски.

Полјакот неколку пати јавно кажа дека сака да го напушти бундеслигашот, а Баерн веќе се обиде да го купи Садио Мане од Ливерпул, но нивните обиди не беа успешни затоа што премиерлигашот ги одби понудите.

Кејн во моментов делува како подобро решение за Баварците, но сепак мисијата да го ангажираат нема да биде лесна затоа што газдата на лондонскиот тим неколку пати ја отфрлаше идејата да се раздели со Англичанецот.

Англискиот напаѓач за Тотенхем одигра 385 натпревари и притоа постигна 247 голови.