Поп Арсова постави нов државен рекорд на Скопскиот маратон (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска се одржа 15-от Скопски маратон на кој учествуваа над 12.000 натпреварувачи, а на крајот успеа да слави атлетичарот од Етиопија, Чалаче Тируне.

Тируне го заврши својот настап со време од 2:15:37 и тоа беше петти најдобар резултат во историјата на маратонот, а зад него завршија Кипчирчир Корир и Гетаје Фисеха Гело.

Кај македонските атлетчари најдобар беше Александар Кираџиев со време од 2:37:41, а зад него беше Александар Андоновиќ.

Во женска конкуренција најдобра беше Енис Мучири од Кенија, а зад неа завршија сонародничките Тануи и Лимамуреи.

Кај нашите атлетичарки најдобра беше Адријана Поп Арсова, која постави нов државен рекорд со време од 2:52:52 и го освои седмото место.