Попович за Џинобили: Не пцуев, додека не го запонзав него!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бројот 20 кој го носеше во кариерата Ману Џинобили синоќа замина во историјата на Сан Антонио спарс, а тоа беше многу емотивна ноќ за аргентинскиот волшебник.

Ману во текот на кариерата ја освои Евролигата, НБА-лигата и олимписко злато, а во текот на синоќешната церемонија беше шокиран.

„Што правам јас тука? Не очекував да бидам тука, откако пораснав“, кажа Ману.

Притоа зборуваше и тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, кој имаше пофални зборови за својот долгогодишен кошаркар.

„Не пцуев додека не го запознав. Сите имавме потреба едни од други. Да не беше Ману, немаше да освоиме ништо. Тоа е благодарение на него. Беше навистина важен член на тимот. Од време на време го тестираше моето трпение, но со текот на времето разбрав дека можам да му дадам многу повеќе доколку го пуштам  само да игра. Не му беа потребни моите заповеди. Беше ситно момче, кој се бореше и против многу посилни“, вели Попович.