„Популарноста на Формула 1 порасна откако Ферстапен престана да победува“

Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше одличен старт на сезоната, но во изминатиот период не импресионира со резултатите, односно Ландо Норис почна да ја „топи“ разликата на ранг-листата.

Промотерот на трката во Остин, Боби Епштајн кажа дека продажбата на билети се зголемила откако Ферстапен престанал да победува.

„Продажбата на билети се зголеми откако Макс престана да победува и сезоната стана поинтересна за навивачите“, кажа Епштајн.

Ферстапен е прв во моментов со 331 бод, додека Норис го следи со 279 поени на втората позиција.