Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгија се наоѓа во неповолна позиција пред третото коло на Светското првенство (СП) во Катар затоа што им е потребна победа против Хрватска ако сакаат место во осминафиналето.
Ѕвездите на Белгија беа изненадени во второто коло од Мароко (0-2), а по натпреварот попуштиле нервите во соблекувалната, па атмосферата била навистина бурна и за малку ќе избиела тепачка.
Во соблекувалната се создале кланови меѓу фудбалерите и членовите на стручниот штаб, па морал да интервенира напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку кој успеал некако да ги смири страстите на двете страни.
Белгија мора да се надева на изненадување против Хрватска, но со оглед на тоа дека ништо не покажаа против Мароко, такво нешто тешко дека ќе се случи.