Попусто чекаа 30 години, Ливерпул останува без титулата во Премиер лигата: Првиот човек на ФА потврди дека…

Низ медиумите во Англија се шират разни вести за тоа дека Премиер лигата би можела да биде прекината.

Утрово излегоа информации дека во Германија сериозно размислуваат да го прекинат првенството и да не биде доделена титулата за евентуалниот победник.

Првиот човек на ФА, Грег Кларк во една своја изјава потврди дека не мисли дека Премиер лигата ќе го дочека својот крај и дека нема да биде комплетирана.

„Скај Спортс“ пак пренесе дека шансите Премиер лигата да не биде комплетирана се 75%. Ова носи прашање дали Ливерпул ќе ја добие титулата со оглед на фактот што математички се уште може Манчестер Сити да ги загрози, иако во пракса тоа е речиси невозможно.

Во следниот период ќе биде познато каква одлука ќе донесат задолжените лица од ФА и Премиер лигата.