Поради коронавирус забрането е ракување и потпишување на автограми во НБА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Коронавирусот стана глобален проблем и тоа се повеќе се рефлектира во спортски настани.

Голем број на натпревари се откажани во Италија поради страв од ширење на оваа зараза, во Кина првенството е прекинато, а во НБА-лигата е забрането ракување и потпишување автограми.

Челниците на лигата вчера издадоа соопштение , нудејќи совети на играчите. Меѓу советите е да не се да се ракуваат меѓу себе, да не земаат пенкала, топки или капи од навивачите за да ги потпишат, итн.

Во изјавата се наведува и:

„Здравјето и безбедноста на нашите вработени, тимови, играчи и навивачи доаѓа во прв план. Работиме со тимови, се консултираме со докторите за инфективните болести и продолжуваме да следиме сè што се случува“.

Од НБА-лигата велат дека им даваат на тимовите нови информации за оваа зараза секој ден.