Поради претседателот на САД бил одложен меч на Ѓоковиќ на Ју-Ес Опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев мораа да излезат на терен подоцна од планираното, а долго не беше познато зошто.

Новинарката на „ЕСПН“, Крис Мекендри вели дека причина за тоа што доцнел натпреварот е претседателот на САД, Џо Бајден.

Сите кои со нетрпение чекаа да ги видат тенисерите на дело станаа нервозни кога половина час по најавениот почеток Ѓоковиќ и Зверев не се појавија на теренот.

Мечот почна во 1.33 по полноќ, а причина за тоа е што претседателот Бајден пристигнал во Њујорк за да присуствува на свечената церемонија во чест на жртвите на нападите на 11 септември 2000 година.