Поради Роналдо потпиша со Реал наместо Барселона, а потоа го доживеа најлошиот момент во кариерата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор сезонава е во одлична форма и е еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, каде што стигна пред три години за 45 милиони евра од Фламенго.

Многумина сметаа дека тоа се премногу пари за еден тинејџер, но „кралевите“ беа сигурни во својот избор. Во првите сезони Винисиус не се прослави, но сезонава игра одлично.

Бразилецот сезонава ги замолче критичарите и досега одигра 17 натпревари во сите конкуренции, а притоа постигна 10 гола и седум асистенции.

Интересно е тоа што Винисиус пред три години прво се договори со Барселона, но потоа се предомисли и реши да потпише за „кралскиот клуб“.

Тоа се откри пред неколку месеци кога Жерар Пике зборуваше пред „Ел Класико“, а на навивачите не им се допадна тоа што го направил Бразилецот и го навредуваа од трибините.

„Фактот е дека Реал и Барселона беа заинтересирани за мене, а јас го избрав најдобриот тим. Секогаш ги сакав Реал и Кристијано Роналдо. Ме навредуваа во Барселона, тоа е лошо и беше еден од најлошите моменти во мојата кариера“, кажа Бразилецот.