Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ би можел ова лето да ги напушти редовите на Јувентус. Имено, Супер Марио не е во плановите на Маурицио Сари и веројатно ќе го промени клубот.
Тој минатата сезона одигра 33 натпревари во дресот на Јуве и постигна 10 голови и одлично соработуваше со Роналдо во нападот.
Манџукиќ дури во април потпиша нов договор, но доаѓањето на новиот тренер ќе ја промени ситуацијата, а Сари сака да го види Игуаин во нападот на Јувентус.
До тогаш се наоѓа на одмор и според фотографијата која ја објави, приказните за негово заминување не го занимаат многу.
Ужива во слободното време и истакнува дека нема стресови.