Поранешен француски репрезентативец почина по срцев удар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот француски репрезентативец Лудовик Вати го загуби животот на 34 години, откако пред неколку дена доживеал срцев удар на тренингот на својот тим.

Вати имаше забрана за настап на професионално ниво по сериозните проблеми со срцето, поради кои мораше да ја заврши кариерата во 2013 година.

Кошаркарот не се повлече целосно од спортот, затоа што продолжи да игра за аматерскиот тим на Тулуз, но инфарктот пред неколку дена бил фатален.