Поранешен фудбалер на Арсенал: Ќе бидам шокиран ако тој си замине од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Арсенал, а сегашен аналитичар за „Скај Спортс“, Пол Мерсон посочи дека би бил изненаден доколку Одион Игало си оди од Манчестер Јунајтед по истекот на договорот за позајмица.

Шангај му нуди екстремно богат договор на Игало, меѓутоа Мерсон верува дека тој ќе остане на „Олд Трафорд“ и покрај тоа.

„Ова е тешка одлука која треба да ја донесе Манчестер Јунајтед затоа што не се знае дали тој ќе игра вака и следната сезона. Што се однесува до пребогатиот договор од Кина, не се грижете.  Тој кажа колку е среќен по приклучувањето на Манчестер Јунајтед, многу пати кажа дека сонувал да игра за Јунајтед и дека ќе прифати ако му понудат перманентен договор. Не верувам дека би одбил нешто такво. Се оди одлично за него засега и би бил шкоиран доколку си замине од клубот ако Јунајтед му понуди нов договор“ –изјави Мерсон.