Поранешен играч на Интер со јасен став: Тој е најлош тренер, ми ги уништи соништата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогашниот турски репрезентативец, Чанер Еркин упати „отровни стрели“ кон поранешниот тренер на Интер, Франк Де Бур.

Во 2016 година Еркин направи изненадувачки трансфер и потпиша за Интер, а на презентацијата изјави дека се надева дека ќе остане долго во овој клуб и ќе освојува многу трофеи со нив.

Сепак, Еркин не се задржа многу на „Меаца“ а во дресот на Интер не одигра ниту едне натпревар.

Виновник за тоа според Еркин е тогашниот тренер на Интер, Франк Де Бур.

„Трансферот во Интер го гледав како голем чекор во кариерата, верував дека ќе играм, ќе освојувам трофеи, ќе бидам омилен меѓу играчите. Но се се промени кога од клубот си замина Роберто Манчини. На негово место дојде Де Бур, а неговото однесување беше ужасно. Кон мене се однесуваше како да сум тинејџер кој штотуку излегол од пубертет.

Од првиот ден не сметаше на мене. Прво ме изостави од контролните натпревари, а потоа не ми даде рамноправно да учествувам на тренинзите. Морав да работам самостојни. Максимално се трудеше за јас да си заминам.

Сите знаеја каков човек ее, па и натаму не ми е јасно како дојде до клупата на Интер. Се согласувам со Бијабијани дека Де Бур е најлош тренер во историјата на клубот. Ужасно е што соништата ми ги сруши човек кој тука се задржа цели два и пол месеци“ –изјави Еркин.