Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед ги разочара навивачите оваа сезона, а притисокот врз Оле Гунар Солскјер се зголемува сѐ повеќе и наскоро би можел да добие отказ.
Тимот од „Олд Трафорд“ претходно се поврзуваше со Антонио Конте, кој сепак реши да го тренира Тотенхем, па сега на Јунајтед не му останаа многу опции.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Стив Мекманаман смета дека три години поминати на кормилото на екипата за Брендан Роџерс не се доволни за да го тренира Јунајтед.
„Не можам да го замислам таму, иако ги исполнува предусловите, но мислам дека со Ливерпул немаше премногу добри резултати“, кажа Мекманаман.
Роџерс имаше добри резултати и со Селтик и со Лестер сити, па можеби ќе го наследи Солскјер на кормилото во Манчестер.