Поранешен тренер на Рома и Интер седнува на жешкото столче во Милан!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Апенините веќе со месеци се шпекулира дека Стефано Пиоли нема да остане на клупата на Милан. Како идеално решение за „росонерите“ се споменуваше Ралф Рагник, со кој беа договорени, но во меѓувреме Германецот се откажа од понудата.

Во Милано веднаш тргнаа да бараат други решенија, а еден од кандидатите е Лучано Спалети, кој зад себе има големо искуство во Серија А.

Раководството на Милан преговараше со Спалети и пред да го ангажира Пиоли, но тогаш не можеа да се договорат околу финансиските услови.

Сепак, сега ситуацијата е поинаква и постои голема можност Спалети да го преземе Милан. Тој претходно во кариерата водеше многу клубови, меѓу кои Интер, Рома, Зенит…