Поранешниот газда на Милан е заинтересиран за Несторовски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски не добива голема минутажа во Удинезе, па затоа се поврзува со трансфер во неколку други италијански клубови.

Лече се споменуваше како еден од кандидатите за потписот на Несторовски, но сега во борбата се вклучи уште еден амбициозен тим, а тоа е Монца чиј газда е поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони.

Монца планира да го донесе Несторовски на позајмица до крајот на сезоната, по што ќе размисли дали да го откупи неговиот договор од Удинезе.

Удинезе не би требало да има ништо против трансфер на Несторовски, зашто тој е во втор план во калчолигашот и има шанса во иднина да го предводи нападот на Монца.