Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Жулиано Белети има многу интересен предлог за промена на фудбалските правила.
Белети предложи да се воведе правило екипите да добијат пенал по секој трет корнер на натпреварот. Според него, тоа значително би го зголемило бројот на голови.
“Најважното нешто во фудбалот се головите. Тие станаа ретки (1, 2 или три гола на натпревар. Најгледани се пеналите. Предлагам да се воведе ново правило за да имаме повеќе пенали во текот на натпреварот. Да речеме дека има четири корнери секој четврти корнер да биде пенал“, предложи Белети.
Неговиот предлог е, се разбира, нереален и малку е веројатно дека толкава значајна промена во футбалската игра некогаш ќе се случи во иднина, така што сè ќе остане само на предлогот.
За време на својата фудбалска кариера, Белети играше за Крузеиро, Сао Паоло, Атлетико Минеиро и Виљареал, Барселона, Челзи и Флуминенсе.